Македонисимо
Симон Трпчески со концерт во родното Збажди
Македонскиот пијанист Симон Трпчески на 27-ми август ќе одржи концерт во неговото родно село Збажди. Концертот е со почеток во 17:30 часот.
Истакнатиот македонски пијанист за прв пат ќе одржи концерт во родното село на неговиот татко, струшко Збажди во Малесија.
МАКЕДОНИСИМО – МАКЕДОНСКА ПРЕТПРЕМИЕРА! 27.08.2022 (сабота), 17:30 часот село Збажди, родното место на мојот татко, во револуционерна Малесија, на планината Караорман. Ве очекуваме на претстојниот македонски музички „огномет“ – напиша Трпчески на својот профил.


