Клуб за спортови на вода
Интернационален Олимписки пливачки маратон
На 26 август помеѓу Старото пристаниште кај хотел Палас и х. Милениум со почеток во 10:30 часот ќе се реализира Олимписки пливачки маратон.
Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“ ви го најавува четвртиот по ред Олимписки пливачки маратон на 10 км.
Интернационалниот Олимписки пливачки маратон Охрид 2022 ќе се реализира на 26 август во петок на Охридското езеро, на водената површина помеѓу Старото пристаниште кај хотел Палас и хотел Милениум. Стартот на трката е предвиден за 10:30 часот.
Маратонот е во организација на Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“.


