Skip to main content

Започнува 61. издание на СВП

Синот на јапонскиот поет Шунтаро Таникава, ќе го прими годинешниот Златен венец на СВП. Добитникот на годинешната награда на СВП не допатува во Струга заради поодмината возраст, но имаше гласовно обраќање. Се обрати и минатогодишниот лауреат израелскиот поет Амир Ор. Преку поезијата човекот ги слави мудроста, креативноста, слободата, филозофијата, порача поетот Ор.
 |  инфодеск  | 
Струшки вечери на поезијата

Почнува 61-то издание на Струшките вечери на поезијата. „Златниот венец“ на СВП во име на годинешниот добитник Шунаро Таникава, ќе го прими неговиот син Кенсаку Таникава. Специјален гостин на манифестацијата е минатогодишниот добитник на „Златниот венец“, израелскиот поет Амир Ор.

Струшки вечери на поезијата

„Не сум во можност физички да бидам со вас, но сум гласовно присутен и среќен за наградата која ја добив. Многу сум горд на наградата која во минатото е доделувана на голем број сјајни поети на различни мајчини јазици. На мојата 90-годишна возраст во мене одекнува спонтано радоста на животот од моите детски денови, порача годинешниот лауреат на СВП, Шунтаро Таникава, поет од Јапонија.

Исто така се присетувам дека сите ние веруваме дека поезијата постои и во ова нејасна и несигурна епоха исто како и што постоела во античките времиња. Поезијата не произлеува од редот и поредокот туку од вителот на нејаснотиите. Чувствувам блискост и почит за природата и историјата во која оваа награда настанала – истакна Таникава.

Минатогодишниот лауреат израелскиот поет Амир Ор исто така имаше обраќање. Поетот заради пандемијата минатата година беше спречен да допатува во Струга, а годинава е учесник меѓу поетите од светот. „Се чувствувам почестен како добитник на наградата од градот на Браќата Миладиновци. Поезијата го чува зборот жив“, рече Ор.

Со ваша дозвола ги прославувам квалитетите на поезијата како што се мудроста, креативноста, слободата и филозофијата, инаку професијата на нашата култура на мисла, стануваат помалку убедлива кога навистина се зема предвид значењето на мудроста – кажа Ор.

Струшки вечери на поезијата

Директорот на СВП, Тодорче Тасевски ги поздрави добитниците на наградата на СВП, поетите и љубителите на поезијата.

Чувствувам благодарност што по 2 години во вонредни околности кои го погодија светот и СВП и беа одржани хибридни изданија, оваа година имаме можност во физичко присуство да ги имаме лауреатот од 2020 година поетот Ор и синот на годинешниот добитник Шунтаро. Се надевам дека предизвиците со глобалната пандемија се зад нас и ќе продолжиме со вообичаените изданија на СВП – рече Тасевски.

Струшки вечери на поезијата

Во паркот на поезијата беа засадени две дрвца во чест на добитниците на Златниот венец на поезијата за 2021 и 2022, Шунтаро Таникава и Амир Ор. На пригоден начин беа презентирани и делови од нивната поезија. На Струшките вечери на поезијата, годинава ќе присуствуваат 24 поети од странство и Македонија.  

Струшки вечери на поезијата