Европарламентот расправа за визната либерализација
Пратениците на Европскиот парламент денеска треба да дискутираат за укинувањето на визите за граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора за патување во ЕУ од почетокот на наредната година.
европарламент
Пратениците на Европскиот парламент денеска треба да дискутираат за укинувањето на визите за граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора за патување во ЕУ од почетокот на наредната година.
На маргините на седницата во Стразбур учествуваат македонски парламентарци, кои лобираат за визната либерализација, како и за добивањето на датум за почеток на преговори со ЕУ за полноправно членство.
Правната процедура за укинување на визите се очекува да започне на крајот на септември во Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи. Европскиот Парламент во октомври се очекува да донесе резолуција за визната либерализација, за која пратениците треба да гласаат во ноември.
Конечната одлука за укинување на визите за Македонија, Србија и Црна Гора во ноември или декември треба да ја донесе Советот на министри на Европската унија, по што таа стапува во сила на почетокот на 2010 година.
{loadposition content9}