Одличен концерт на Симон Трпчески во Збажди
Викендов за првпат маестро Симон Трпчески одржа концерт во родното село на неговиот татко. Малесија повторно оживеа низ песната и музиката на маестро Симон Трпчески и неговите соработници Хидан Мамудов, Александар Краповски, Александер Сомов и Влатко Нусев.
Секоја чест за организаторите на настанот. Беспрекорна организација се подредено како што треба обезбеден пристап и паркинг за сите возила, ангажирани волонтери од Црвениот крст обезбеден санитарен чвор, обележани и поставени места за седење, поделени преку 7. 000 сендвичи, ѓомлезе и разни пијалоци од кока кола, вино, газирана и обична вода, дочек со благо и сето тоа бесплатно. Обезбедена медицинска помош, поставени екипите за снимање од МРТ. Немам зборови за организацијата, Кој дојде дојде, останатите ќе треба да почекаат до некоја следна прилика – напиша Љупчо Паункоски хроничар на Малесија.
Целта на овој настан, како и изложбата која претходеше е поголема промоција на малесиските села, кои се во изумирање.