Ќе настапат бројни музички имиња
Охридски фестивал на виното
Бројни музички имиња ќе настапат на Охридскиот фестивал на виното кој ќе се одржи на Градското шеталиште од 8-ми до 10-ти септември.
Од 8-ми до 10-ти септември на улица „Кеј Македонија“ наспроти хотелот „Палас“ ќе се одржи Охридски фестивал на виното.
За добрата забава ќе бидат задолжени охридските бендови „Камелеон“ и „Бекдор бенд“, а свој настап ќе има и Ѓоко Танески. На фестивалот ќе настапат и Диџеј Винофест, Фолтин, Александар Јосифовски, Ареа, Наум Петрески, Нина Јанева и Суперхикс.

Дополнително за доброто расположение на сите посетители на фестивалот ќе придонесат и македонските винарии кои убавите музички звуци ќе ги надополнат со квалитетно македонско вино.
Охриѓани и гостите заслужуваат да имаат вакви убави културни манифестации.


