Физички напад
Охриѓанец нападнат од две лица пред хотел
40-годишен охриѓанец се здобил со повреди откако бил физички нападнат од две лица пред хотел во Охрид, информираат од СВР.
На 28.08.2022 во 14:00 часот во СВР Охрид, Г.У.(40) од Охрид пријавил дека пред хотел во Охрид бил физички нападнат од две лица, при што се здобил со повреди констатирани во Медицински центар Охрид.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.


