Формирани се четвртфиналните двојки на ЕП во кошарка
По синоќа комплетираното трето коло во Ф групата, се формираа четвртфиналните двојки на Европското првенство во кошарка што се игра во Полска.
По синоќа комплетираното трето коло во Ф групата, се формираа четвртфиналните двојки на Европското првенство во кошарка што се игра во Полска.
Вечерва во Катовице се играат два натпревара.
Од 18:15 часот играат Русија – Србија, а од 21:00 Франција – Шпанија.
На утрешната програма се дуелите Турција – Грција во терминoт од 18:15 часот и Словенија – Хрватска со почеток во 21:00 часот.
Во последниот натпревар од Ф групата во борбата за првото место Словенија ја победи Турција со 69:67.
Претходно Шпанија го осигура своето учество во следната фаза со победата над домаќинот Полска со 90:68, а Србија ја победи Литванија со 89:79.
Табела: Словенија 9 бода, Турција 9, Србија 8, Шпанија 8, Полска 6, Литванија 5.
{loadposition content9}