Skip to main content

Претставници на американскиот совет

Млади политички лидери во посета на Охрид

Гостите беа информирани за начинот на функционирање на Локалната самоуправа, а беа запознаени и со културно-историските знаменитости.
 |  инфодеск  | 
Млади политички лидери

Претставници на Американскиот совет на млади политички лидери беа во посета на Општина Охрид. Тие остварија средба со градоначалникот Кирил Пецаков, претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев и секретарот, Александар Китески.

Гостите беа информирани за начинот на функционирање на Локалната самоуправа и нејзините надлежности.

Млади политички лидери

Беа запознаени и со културно-историските знаменитости на градот, како и со предизвиците со кои се соочува Охрид во насока на статусот на УНЕСКО.

Во рамки на програмата за размена на Американскиот совет на млади политички лидери, во мај годинава градоначалникот Пецаков престојуваше во Соединетите американски држави.