Skip to main content

Народен театар охрид

Секс лаги и љубомора повторно пред охриѓани

Ова е претстава за љубовта, прељубата, за вербата и надежта, за ведрата страна на животот, за малите искри во секој човек.
 |  инфодеск  | 
Претстава

Народен театар Охрид по премиерната изведба на фестивалот „Охридско лето”, со претставата „Секс, лаги и љубомора” од Марк Камолети, во режија на Коле Ангеловски, поради огромниот интерес кај публиката на репертоарот повторно на 6-ти (вторник) и 7-ми (среда) септември, со почеток во 20 часот.

Улогите ги толкуваат актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Елизабета Стефановска, Билјана Билаловиќ-Вељаноска и Марија Новак.

Самото дејствие се случува во зграда, во стан модерно наместен со прекрасен поглед на градот, со убаво креирана костимографија. Несуден диригент на оваа лакрдија е куќната помошничка која е постојано на сцената и со многу импровизации се обидува да ги оправда нештата кои се случуваат околу неа. Ова е претстава за љубовта, прељубата, за вербата и надежта, за ведрата страна на животот, за малите искри во секој човек – велат актерите.

Претстава

Коле Ангеловски е еден од најплодните македонски режисери.

Картите по цена од 200 денари на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.