Skip to main content

Работна посета

Акцијаши од Балканот деновиве во Охрид

Акцијашите кои доаѓаат од бившите југословенски простори беа воодушевени од убавините на Охрид и приемот на градоначалникот.
 |  инфодеск  | 
Акцијаши

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска во големата сала на Општина Охрид ги прими акцијашите од Србија, Босна и Херцеговина и Словенија кои се во неколкудневна работна посета на Охрид. Тие работат на расчистување на просторот од отпад и градежен шут во близина на хотел „Далјан“

Пецаков им се заблагодари за нивниот ангажман и благородната општествена дејност со која се занимаваат и укажа на неопходноста до крајот на годината да се утврдат потребите на охридските акцијаши со цел да бидат предвидени средства од општинскиот буџет за наредната календарска  година – информираат од кабинетот на градоначалникот.

Акцијаши

Акцијашите кои доаѓаат од бившите југословенски простори беа воодушевени од убавините на Охрид и приемот на градоначалникот и најверојатно работна акција кај нас ќе реализираат и наредната година.

Акцијаши