Skip to main content

Економија

Поедноставени процедурите за фотoволтаици

Домаќинствата и стопанските објекти може да поставуваат панели без одобрение од општината. Во Охрид не се дозволени панели на крововите на куќите во стариот дел од градот.
 |  Валентина Неловска  | 

Се забрзаа процедурите за поставување на фотoнапонските панели. Во пресрет на мерките за штедење струја се поедностави пoстапката за нивно поставување во домаќинствата и стопанските објекти. Со измените во Законот за градба нема потреба да се вади одобрение од општината за да се постават фотонапонските панели како досега. Сопствениците на објектите во индивидуална сопственост може да постават фотонапонски електрани со моќност од 6 киловати, а на стопанските објекти со моќ до 40 киловати. Охриѓани покажуваат голем интерес за поствување на ваков вид обновлива енергија во последните два-три месеци, вели Александар Јованоски, енергетски менаџер од „Протерм“ регионален центар за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Јованоски потсетува дека произведениот вишок на електрична енергија, граѓаните не може да го продаваат на ЕВН. Компанијата нема да им ја откупува електричната енергија туку ќе ги пребива произведените и потрошени киловати од сметките за струја.

Вие ќе имате вишоци на производство на електрична енергија. Најмногу произвдоство има од април до октомври, а се троши помалку енергија. Од октомври до април се користи најмногу енергија за греење, а помалку се произведува. Усогласувањето со регулативите се прави на 6 или 12 месеци, а ЕВН ќе прави порамнување во зависност од сметките. Во лето ќе влезете во плус производство и ќе ја повлечете во зимскиот период. Нема да добивате пари или средства на трансакција“,напоменува Јованоски.

Министерството за економија субвенционира 15 проценти од вложената сума во инвестиција за поставување фотонапонски централи. Субвенционирање на фотоволтаиците ќе има на принципот прв дојден прв услужен. Јованоски напоменува дека моменталната цена на чинење на ивестицијата за поставување на овие мини централи се движи околу 6000 евра. Во стариот дел од Охрид не е дозволено да се поставуваат панели на крововите на куќите.

За Стар град, од Завод и Mузеј е дадена забрана за поставување на фотонапонски ќелии на крововите. Останува само рамничарскиот дел за објектите со легални документи и имотни листови за да може да се постават“, подвлекува Јованоски.

Од утре, во земјава стартуваат владините мерки за штедење струја по прогласување на кризна состојба за енергетска и топлинска енергија. За граѓаните штедењето на струја е само препорака, а за институциите е со конкретни задолженија и санкции за непочитување. Намерата на владата е да се заштеди струја до 15 отсто во грејниот период.