Skip to main content

Силно невреме

Парче град уби бебе во Шпанија

Повеќе од 20 лица добиле повреди по невремето, а многу автомобили и згради биле оштетени од градот, изјавила градоначалничката.
 |  инфодеск  | 
Град невреме

20-месечно бебе загина откако беше погодено од град за време на невремето во шпанскиот град Ла Бисбал д’Емпорда, соопштија властите.

Градоначалничката Карма Вал за шпанската национална телевизија изјави дека бебето било со нејзините родители кога вчера го удрило топка мраз и дека починало утрово во болница, пренесе АП.

Како што изјавила Вал, повеќе од 20 лица добиле повреди по невремето, а многу автомобили и згради биле оштетени од градот.

Силни бури се предвидуваат за источна Шпанија по летните топлотни бранови, на копно и во Средоземното Море, јавува АП.