Skip to main content

Книга на академик ѓорѓи поп атанасов

Македонското книжевно наследство во два тома

Книгата на академик Ѓорѓи Поп Атанасов сведок на највредните македонски ракописи кои се оттуѓени и денес се чуваат во странство. Атанасов во текот на 30-годишната научно истражувачка дејност успеа да направи опис на 814 ракописи кои потекнуваат од земјава, а ги однеле странски колекционери. Во двата тома на книгата „Словенски ракописи од Македонија во странски ракописни збирки од 10 до 19 век” детално е опишано вредното ракописно наследство, кое денес се чува во Русија, Бугарија, Србија, Хрватска и други земји.
 |  инфодеск  | 
Книга Ѓорѓи Поп Атанасов

Македонското книжено наследство, создадено во земјава, кое е разграбано од црковните библиотеки и денес се чува во туѓи земји објавено во два тома на книгата „Словенски ракописи од Македонија во странски ракописни збирки од 10 до 19 век” на академик Ѓорѓи Поп Атанасов. Тој во текот на 30-годишната научно истражувачка дејност успеа да направи опис на 814 ракописи кои потекнуваат од земјава, а ги однеле странски колекционери.

Книга Ѓорѓи Поп Атанасов

Најголемиот дел од нив денес се чуваат во архивите и музеите на Русија, Бугарија, Србија, Хрватска и други земји. Меѓу нив се највредните и најзначајните словенски ракописи. Богатото ракописно наследство кое низ вековите е уништено и оттуѓено, сведочи за македонската писмена традиција.

Ова е претставување на македонското книжевно наследство кое се чувало во библиотеките на манастирите и црквите, а денес е во странски земји оттуѓено. Ова македонско книжевно наследство е поврзано со Кирилометодиевската традиција, со Охридската книжевна школа, со Свети Климентовата црква со дејноста на Климент и Наум. Исто така и со времето на Цар Самоил затоа што сите стари македонски глаголички ракописи се настанати во времето на царот Самоил – вели академик Ѓорѓи Поп Атанасов.

Книга Ѓорѓи Поп Атанасов

Христијанизацијата и писменоста потекнува од Охридската книжевна школа. И Русија е христијанизирана од Царот Самоил, тврди Поп Атанасов. Најстарите книги таму се пишувани врз основа на антиграфи од Охридската книжевна школа испратени од Цар Самоил.

Писменоста ја примиле од Охридската книжевна школа. Тој им испратил епископи, свештенство монаси дури и книжевници кои ги учеле таму како да прават црковни книги. Тоа е цела уметност треба да правиш кватерлјони да ги редиш, да ги подврзуваш. Испратиле псалти ги учеле како се пеат црковните песни како да го реализираат богослужението црковно – додава академик Атанасов.

Книга Ѓорѓи Поп Атанасов

Голем број странски колекционери во 19 век ги разграбале вредните македонски ракописи од црквите и манастирите. Пораката на научната фела за трајна заштита на ракописното наследство од заборав е дигитализација на манастирските библиотечни фондови во земјава.

Книга Ѓорѓи Поп Атанасов
Книга Ѓорѓи Поп Атанасов

Новинар : Соња Рилковска