На 01.09.2022 во 02:20 часот на ул. „7-ми ноември” во Охрид, полициски службеници од СВР-Охрид го лишиле од слобода М.С.(24) од Скопје.
Тој се сомничи дека на 31.08.2022 околу 21:45 часот на ул. „Даме Груев” во Охрид се соблекувал и самозадоволувал пред малолетничка од Охрид. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.