Skip to main content

„Сојузот на борците“ ќе празнува

Со симболичен „Марш на мирот“, „Сојузот на борците“ од Охрид ќе го одбележи 21ви септември, меѓународниот ден на мирот во светот.

Krste Krstanovski
Крсте Крстановски
Со симболичен „Марш на мирот“, „Сојузот на борците“ од Охрид ќе го одбележи 21ви септември, меѓународниот ден на мирот во светот.

Krste KrstanovskiСојузот на борците од Охрид, со симболичен „Марш на мирот“ ќе го одбележи 21ви септември, меѓународниот ден на мирот во светот. Како постојани членови на „Светската федерација на ветераните“, борците од Охрид овој ден го одбележуваат секоја година. Патеката по која ќе се одвива маршот ќе започне од просторот пред „Медицинскиот центар“, ќе продолжи по улицата „Јане Сандански“, преку Кејот и крајната дестинација е „Градскиот плоштад“. Таму, во 12 часот организаторите на настанот ќе одржат краток говор кој ретроспективно ќе се однесува на војната и мирот.

„Бидејќи ниту една од релевантните институции не се сети да ни обрне внимание или пак да ни понуди некаква помош околу организацијата на настанот, сепак гордо можеме да изјавиме дека направивме се сами“, вели претседателот на Сојузот на борци од Охрид, Крсте Крстаноски.

„Ниедна невладина организација не не удостои со предлог за присуство на настанот, освен активот на жените од Охрид и сојузот на пензионерите, со кои имаме прекрасна соработка“, вели Анастас Иваноски, потпретседател на Сојузот на борците.

„Се надеваме дека охриѓани нема да не заборават и одбележувањето на овој навистина значаен ден за нас ќе го споделиме заедно“, велат организаторите.

{loadposition content9}