Skip to main content

Општествена одговорност

CREDISSIMO со внимание за првачињата

На првиот училишен ден врачи подароци. Втора година , спроведуваат кампања подарувајќи 750 училишни прибори за дваесетина основни училишта.
 |  Валентина Неловска  | 
првачиња

Охридските првачиња од пет основни училишта добија вреден училишен пакет. Подароците ги обезбеди финтек-компанијата Credissimo, која постојано применува општествено одговорни практики. Неодамна формира платформа „Активирај се навреме“, под чија капа и оваа година ја реализираше капмањата „Секогаш биди број 1”, посветена токму на првачињата. Кампањата „Секогаш биди број 1” продолжува со истата цел , да ги израдува и мотивира малите првачиња, но оваа година во поголем број. Credissimo подари 750 училишни прибори во 21 основни училишта во Охрид, Битола и Тетово. Приборот беше подарен во охридските, основните школи Св. „Наум Охридски“ од Пештани, „Ванчо Николески“ од Лескоец, „Живко Чинго“ од Велгошти и „Кочо Рацин“ и „Григор Прличев“ од Охрид.

„ Навистина сме многу среќни што повторно ја реализираме оваа активност, особено во овој период кога сите се соочуваме со големите поскапувања. На овој начин покрај тоа што ќе ги израдуваме најмалите, учениците ќе имаат и можност за поефикасно изведување на наставата, но и финансиски ќе им помогнеме на нивните семејства во период кога навистина имаат потреба од тоа. Оваа кампања за нас е од големо значење бидејќи сме свесни дека клучот за подобра иднина е токму во рацете на најмладите генерации, бидејќи вложувањето во образованието како еден од најважните столбови во општеството е од огромно значење. Оваа година донацијата е обезбедена во рамки на платформата Активирај се навреме која ја формиравме неодамна и која има за цел да реализира општествено одговорни кампањи од социјален, хуманитарен и еколошки карактер“, изјави Георги Руков, директорот на ФД Кредисимо.

Компанијата Credissimo преку платформата „Активирај се навреме“, реализира еден голем хуманитарно-еколошки проект “Секое капаче е вредно“. Во проектот може да се приклучат сите граѓани на Охрид со цел да се соберат што повеќе пластични капачиња. Пред неколку месеци во центарот на градот беа поставени две метални конструкции за собирање на пластични капачиња. Конструкциите се лоцирани на плоштадот кај Летница и на плоштадот Мини Маркет. Собраните капачиња ќе бидат превземени за рециклирање. На овој начин, директно се помога во подобрување на животната средина, но и во хуманитарни цели. Средствата кои ќе се обезбедат преку откупот на капачиња заедно со финансиската поддршка од главниот покровител Credissimo ќе бидат наменети за реновирање на голем број детски здравствени одделенија во целата држава.