Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала рано утринава го погоди грчкиот остров Крит.
Земјотресот се случил во 7:13 часот по локално време. Епицентарот бил во морето на 30 километри од градот Закрос, а со длабочина од 4,7 километри.
Тој бил почувствуван во многу области на источниот дел од Крит, но и во главниот град на округот, Хераклион.
Засега нема информации за евентуални штети.
По силниот земјотрес регистрирани се уште најмалку четири со јачина од околу 3,8 степени.