Skip to main content

Григор прличев охрид

Библиотеката го враќа старото работно време

Прличевата одаја во слободни термини со надомест може да се користи како место за одржување настани на здруженија од невладини и други институции.
 |  инфодеск  | 
Читална библиотека

НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид од утре го враќа старото, стандардно време за работа со читатели.

Пултот за зајмување книги од понеделник до петок ќе работи од 8 и 30 до 18 и 30 часот. Библиотеката е од отворен тип и читателите слободно ќе можат да влезат и да одбираат книги од полиците, како и да побараат помош од библиотекарите. Читалната во одделот за издавање ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 17 часот, а читалната за дневен печат и периодика во Прличевата одаја со читатели ќе работи од 9 до 15 часот. Читалните ќе можат да ги користат само членовите на Библиотеката – информираат од НУ Библиотека „Григор Прличев“.

Прличевата одаја во слободни термини кога во неа нема активности на библиотеката со надомест можат да ја користат како место за одржување настани здруженија од невладиниот сектор и други институции, додаваат од Градската библиотека.