Skip to main content

Регулаторна комисија за енергетика

Поевтинуваат бензините и дизелот

Од вечерва на полноќ пониски цени на бензините и дизелот. Бензините поевтинуваат за 2 денари, додека дизелот за 1,5 денари по литар.
 |  инфодеск  | 
Точење на гориво

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,92% во однос на одлуката од петокот.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС95 и ЕУРОСУПЕР БС98 се намалуваат за 2 денари по литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 1,5 денари по литар. Новата цена на дизелот е 98 денари за литар.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС95 ќе биде 85,5 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС98, 88 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 3 денари по литар и ќе изнесува 94,5 денари. Малопродажната цена на Мазутот се намалува за 0,277 ден/кг и сега ќе изнесува 52,463 ден/кг. Новите цени стапуваат на сила во првата минута по полноќ, односно со почетокот на утрешниот ден.