Сообраќајна несреќа
Двајца млади македонци загинаа во Италија
Веста ја пренесоа повеќе италијански портали, а локалните медиуми од Кочани објавија дека момчињата, со иницијали С.С. и М.Г., се по потекло од Кочани и од Виница.
| инфодеск | Македонија
Две малолетни момчиња од Македонија, на возраст од 16 и 17 години, загинале во сообраќајна несреќа во Италија, јавија локалните медиуми.
Тие со автомобил „Фиат Пунто“ се судриле во „Голф“ на локален пат во областа Аки Терме, а несреќата се случила додека имало невреме со силен дожд, објави порталот „Нуова Провинча“.
Веста ја пренесоа повеќе италијански портали, а локалните медиуми од Кочани објавија дека момчињата, со иницијали С.С. и М.Г., се по потекло од Кочани и од Виница.
Момчињата живееле во местото Ница, а во автомобилот имало уште двајца нивни другари. Момчето што го управувало автомобилот ја добило дозволата само два дена претходно. 46-годишниот возач на „Голфот“, пак, бил само полесно повреден во несреќата.