Ники Лауда доби близнаци
Поранешниот возач на Формула 1, 60-годишниот Ники Лауда, доби близнаци.
Ники Лауда
Поранешниот возач на Формула 1, 60-годишниот Ники Лауда, доби близнаци.
На тројниот светски шампион, ова му се први деца со 30 години помладата Биргит Вецингер.
Лауда во февруари го прослави 60 роденден и веќе има два сина од 30 и 28 години од претходниот брак и уште еден син од вонбрачна врска.
Според австриските весници, поранешниот возачки ас го следи трендот во Австрија, каде што мажите во се подоцнежни години стануваат татковци.
Во 2007 година мажите, во просек, по првпат стануваа татковци на 34 години, а седум години претходно на 32 години.
{loadposition content9}