Прекин на водоснабдувањето
Скоро цел Охрид во моментов без вода
Граѓаните на повеќе улици низ градот Охрид во моментов останаа без вода, поради дефект на водоводна цевка во близина на Билјанини извори.
Поради настанат поголем дефект на водоводна цевка во близина на бензиската пумпа кај Билјанини извори, повеќе делови од Охрид останаа без вода.
Од ЈП „Водовод“ ги информираат граѓаните дека отстранувањето на дефектот кој е на непристапен терен, ќе трае повеќе од два часа.


