На 06.09.2022 во 03:05 часот во СВР Охрид, лишен од слобода е Б.Т.(34) од Охрид.
Тој се сомничи дека претходно со употреба на физичка сила и подесен алат влегол во куќа во Охрид и одзел пари во различни валути и апоени, златен и сребрен накит и други вредни предмети. Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
СВР Охрид работи на целосно расчистување на случајот по што ќе поднесе соодветна пријава.