Охрид го добива првиот вино фестивал
Почнувајќи од четврток во следните три денови на овој празничен викенд на градскиот кеј, ќе се одржи првиот фестивал на виното. На него ќе бидат промовирани македонските и охридските автохтони вина, но ќе учествуваат и винарии од соседството и европските земји.
Целта на манифестацијата е продолжување на летната туристичка сезона.
Ќе донесеме десетина винарии македонски и неколку увозници на вино. Исто така вина ќе има и од Шпанија, така да мислам дека ќе има една голема понуда на вина, да се проба, да се дегустира вино – вели Пане Темов, организатор на вино-фест Охрид.
Покрај штандовите со квалитетно вино, кое ќе може да се дегустира по економски цени за забава ќе бидат задолжени охридските бендови „Камелеон“ и „Бекдор бенд“ , а свој настап ќе има и Ѓоко Танески. На Фестивалот ќе настапат и Дј Винофест, Фолтин, Александар Јосифовски, Ареа, Наум Петрески, Нина Јанева и Суперхикс.
Ние имаме разговарано, многу години дека е потребен еден поголем фестивал од Скопје, каде што винариите од соседството сакаат да дојдат во Охрид. Не за маркетинг, туку како фестивал и ситуација која ќе ја разгледуваме со градоначалникот понатака да направиме многу добар фестивал каде што ќе може да ја промовираме земјава бидејќи Македонија е винска земја и сакаат да се претстават голем број винарии од странство кои купуваат грозје од кај нас – додава Темов.
Намерата наша како локална самоуправа за она што треба да трае отсега понатаму како вино фест секако дека нотата односно ќе кажам дека нотата и изгледот ќе го даваат секогаш охридските изведувачи оние кои успеале да станат бренд и го претставуваат градот – кажа градоначалникот Кирил Пецаков.
Вино фестивалот се планира да премине во традиција, идната година да биде збогатен и помасовен, но поради есенската берба на винариите ќе се одржува на стартот на туристичката сезона.
Новинар : Соња Рилковска