Несреќа
Жена со дете паднала од трамвај во Белград
Српските медиуми пишуваат дека жена со дете во раце паднала од трамвај во Нов Белград во близина на Белвил.
Во Нов Белград се случила несреќа во која полесно се повредени жена и дете.
Српските медиуми објавија дека станува збор за бебиситерка и детето кое го чува, кои паднале од трамвај.
Во инцидентот жената ја повредила ногата, додека детето има лузна на лицето.


