ЈП „Охридски Kомуналец” се вклучи во санирање и нормализирање на состојбата после големиот дефект кој се случи со водоводната цевка кај Билјанини Извори.
Ангажирани беа цистерни за миење на улици кои во повеќе наврати ги расчистуваа најпогодените улици и локации.
На некои места рачно се мијат јавните површини, се отстрануваат наносите од земја, песок и друг наталожен материјал покрај коловозите и тротоарите, се метат површините рачно и машински – информираат од јавното претпријатие.
На локациите каде се наталожени поголеми количини наноси е ангажирана и специјална механизација за расчистување.