Skip to main content

Кривична пријава

Пиштол и куршуми пронајдени кај охриѓанец

37-годишен охриѓанец доби кривична пријава откако полицијата кај него пронајде пиштол и куршуми кои тој нелегално ги поседувал.
 |  инфодеск  | 
Полиција

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.А.(37) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”.

При претрес во неговиот дом, извршен на 15.03.2022 година, полициските службеници пронајдоа и одзедоа еден пиштол „Browning” калибар 7,65 милиметри и 40 куршуми што нелегално ги поседувал – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.