ИПА проекти за меѓугранична соработка
Еден од приоритетите на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот е што повеќе да аплицира и работи на ИПА проекти за меѓугранична соработка.
Во таа насока на денешниот состанок со директорот на АППТ Љупчо Јаневски, раководителот на сектор поддршка Зоран Николовски и претставници на Асоцијацијата за промоција на планинскиот туризам на Косово се разгледаа можностите за аплицирање на повик за проекти преку ИПА пограмата за меѓугранична соработка помеѓу Македонија и Косово.
Во периодот што следи ќе се бараат дополнителни партнери со кои ќе се дефинираат конкретните активности за реализација на проектите со кои ќе се аплицира, а акцент се става на активниот туризам.
Се надеваме дека во периодот којшто е пред нас ќе имаме можност истото да го направиме со други соседни земји и на таков начин да искористиме дополнителни финансиски средства, промотивни канали, заедничка соработка и делење на искуства со нашите соседи и партнери во туристичката индустрија. Туризмот не познава граници, познава дестинации, а дестинациите одат до таму до каде што имаат интерес туристите да патуваат – истакна Јаневски.