Охридскиот Архив во соработка со Општина Охрид и проф. Наум Аслимоски по повод Охридскиот Маратон, ќе престави архивски фотографски материјал.
Изложбата на стари фотографии ќе биде поставена утре на плоштадот „Табана“, кај Долна порта каде ќе има и презентација на пливачите, како и проекција на документарен филм „Охридски пливачки легенди“.
Овие содржини во петок во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе може да ги погледнат децата од основните и средните училишта.
Во сабота на градскиот кеј ќе се одржи работилница со ученици од Средното стручно училиште „Св. Кирил и Методиј“ и УНДП, на тема „Заеднички перспективи, младите за Охридското Езеро“, а ќе настапи и ансамблот „Билјана“.
35-тото издание на традиционалниот Охридски пливачки маратон ќе се одржи в сабота, на 10-ти септември.