Skip to main content

Трагедија

Пет загинати во Нов Зеланд

Во несреќа во Нов Зеланд, пет лица загинаа, а шестмина беа спасени при превртување на мал брод, соопштија властите, наведувајќи дека до несреќата дошло кога пловилото се судрило најверојатно со кит.
 |  инфодеск  | 
Несреќа Нов Зеланд

Пет лица загинаа денеска во Нов Зеланд откако чамец со 11 лица се преврте во близина на Каикура, крајбрежен град на Јужниот остров.

Радио Нов Зеланд (RNZ) објави дека градоначалникот на Каикура, Крег Макл, верува дека кит го превртел чамецот.

Сепак, полицијата не ја потврди причината за несреќата.

Ова е трагичен настан кој погодува многу животи, не само семејствата на жртвите и нивните најблиски. Го затворивме пристаништето за да можеме да продолжиме да работиме – рече Макл на прес-конференцијата, пренесува RNZ.

„Точните околности на инцидентот ќе бидат предмет на истрага“, изјави началникот на локалната полиција Мет Бојс.

Полицијата сеуште ги идентификува жртвите, а нивните имиња не се соопштуваат. Шестмина преживеани се пренесени во медицинскиот центар во Каикура, а еден превентивно е пренесен во болницата Крајстчерч, соопшти полицијата.