Skip to main content

Сообраќајни контроли

Казнети 5 возачи под дејство на алкохол

При сообраќајни контроли, затекнати се пет возачи на подрачјето на СВР Охрид кои управувале возило под дејство на алкохол.
 |  инфодеск  | 
Полициски службеници

На 09/10.09.2022 година од 22:00 до 04:00 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се сообраќајни контроли.

Притоа, полициските службеници во Охрид затекнале пет возачи на моторни возила кои управувале возило под дејство на алкохол. Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид