На 15-ти септември во четврток ќе се одигра претставата „Крик за љубов“, на ЖОЗИЕН БАЛАСКО, а во режија на Љупчо Ѓоргиевски.
Претставата започнува во 20 часот, во големата сала на Центарот за култура, а влезот ќе чини 200 денари.
Играат : Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Ивица Цонев и Горан Стојаноски.
Картите се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК „Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.