До Нова година, чисти сметки во Комунално
Дали со неговата најава ќе се стави крај на бројните нерешени проблеми на вработените.
Петко Кутаноски
Дали со неговата најава ќе се стави крај на бројните нерешени проблеми на вработените.
Се гледа крај на долгот кон вработените. Во струшкото Комунално претпријатие се регулира статусот со заостанатите плати. За овие два месеци, колку што сум на оваа раководна функција, на повидок е поделбата на третата плата, кажува првиот човек на претпријатието.
„Се обидуваме барем на два месеци по една од заостанатите плати да намалиме. Се надевам дека околу Нова Година ќе се пофалиме со израмнување на платите“-вели Петко Кутаноски.
Заостанатите плати им создаваат големи проблеми на вработените во претпријатието, посебно поради здравственото осигурување, признава Кутаноски.
„Интензивно сме во преговори со УЈП, од каде очајно бараме помош. Доставивме молбено барање со цел да може да ни помогнат околу средување на платите во делот на плавите картони, бидејќи тука лежи најголемиот проблем“- кажува директорот.
За жал има и конкретни смртни случаи, каде поради немање на плавите картони, здравствените установи не ги примаат нашите пациенти, додава првиот човек на Комуналното претпријатие.
Во извлекувањето од финансиската криза, Комунално има голема подршка од општина Струга и градоначалникот. Се обидуваме на секаков можен начин буџетото на претпријатието да го зголемиме и преку наплатата од граѓаните, вели директорот.
„Затекнатоте долгови се резултат на недомаќинското работење на претходните раководства“- вели директорот Кутаноски.
Но доколку плановите се реализираат онака како што сме замислиле, очекуваме за скоро време да излеземе од овој проблем, додава директорот.

{loadposition content9}