На 11.09.2022 година во 22:30 часот во СВР Охрид, приведени се Д.Т.(33), К.К.(39), Ѓ.С.(26) и И.В.(39), сите од Битола.
Тие претходно на булеварот „Туристичка” во Охрид, физички го нападнале А.С.(43) од Охрид. Против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.