Skip to main content

Капетанија на пристаништата

Пловечки катамаран избегна несреќа

Патниците пловеле на релација Охрид – Св. Наум, а инцидентот се случил на неколку метри од пристаништето пред црквата Св. Богородица Захумска. Инспекторот за безбедност на внатрешна пловидба утврдил дека немало претовареност со патници туку се појавил дефект на пловилото.
 |  Валентина Неловска  | 

Катамаран изгубил стабилност при пристигање на пристаништето кај Заум. Пловел со десет патници на релација Охрид-Св. Наум. Деветмина од патниците наеднаш се групирале при приближувањето на пловилото кон пристинаништето што довело до навалување и полнење со вода. Патниците испливале на пристаништето пред црквата Св. Богородица Захумска, а од кога се стабилизирал катамаранот го продолжил пловењето до Св. Наум. Од охридската Капетанија на пристаништата ја потврдуваат случената незгода. Асан Бајрактар , инспекторот за безбедност при внатрешна пловидба, информира дека по дојава за инцидентот веднаш излеглол на терен за да ги утврди причините. Констатирал дека пловниот објект не бил претоварен со патници, но при прегледот на пловилото во каналот Студенчишта утврдиле дека има вода во цилиндрите.

На левата страна на предниот дел од цилиндерот прскаше вода и констатиравме дека има вода. Установивме дека има вода во сите цилиндри. Дадов забрана за возење и поднесов решение. Нема да се вози додека не се санираат аномалиите на пловилото“, вели инспекторот Бајрактар.

Контролите кои се направени ова лето на катамараните и на бродовите , покажале дека пловилата ги почитуваат правилата за безбедно пловење. Бродарите и управувачите ги почитувале бројот на дозволени патници и заштитните појаси. Како и во секој сообраќај , така и во водната пловидба се случуваат изненадни дефекти, напоменува инспекторот Бајрактар.

Доаѓа до дефекти кои не може да се предвидат. Во случајов е добро што установивме за што се работи. При вршење на технички преглед особено на понтоните, од наесен , треба да се извадат на суво и да се види дали имаа присуство на вода во цилиндрите. При контрола, визуелно не може да се види во вода “, напоменува Бајрактар.

Летово, на крајбрежјето се забележуваат несовесни скутерџии кои ги има во помал број за разлика од минатите години. Инспекторот со помош на езерската полиција успеал да затекне и изрече прекршоци за дивеења на скутреџии на плажите на охридскиот и струшкиот брег. Изрекол 31 прекршочна пријава меѓу кои и за управување во близина на капачите.