Светскиот експерт Филип Котлер во Скопје
Во првиот дел од предавањето „Унапредување на улогата на маркетингот и односите внатре во компанијата“, Котлер ќе зборува за развивање односи меѓу маркетингот и продажбата, за подобрување на односите меѓу маркетингот и развојот на производи, за развивање на односот меѓу маркетингот и огласувањето и за потребата од градење финансиска одговорност.
Во вториот дел од предавањето „Барање нови поволни шанси“, професорот Котлер ќе се осврне на тоа како компаниите организираат барање идеи и за постапката на селекција. Во третиот дел „Барање нови патишта за комуникација“ ќе се дискутира за користењето стратегија на усно пренесување, социјални медиуми, блогови, подкасти, спонзорско претставување на производи и други нови медиумски канали.
Во четвртиот и последен дел „Примена на нови технологии и мерење на резултатите од маркетингот“ Котлер ќе одржи предавање за примената на е-маркетингот, за унапредување на автоматизација на продажба и автоматизација на маркетинг и за користење маркетиншки дашбордови.
{loadposition content9}