Skip to main content

Сексуално насилство

Силувано уште едно девојче во Косово

Портпаролот на полицијата потврди дека е пријавено дека полнолетен маж силувал девојче во општината Исток, пренесоа приштинските медиуми.
 |  инфодеск  | 
Силување

Уште еден случај со силување го тресе Косово. Во полиција е пријавен случај на сексуално насилство над малолетничка. 

Портпаролот на полицијата за регионот Пеќ, Фадиљ Гаши потврди дека е пријавено дека полнолетен маж силувал девојче, во општината Исток, пренесоа приштинските медиуми.

Инцидентот се случил на 9 август, но жртвата не го пријавила случајот веднаш поради страв. Инспекторите работат на случајот и на осомничениот му е одреден притвор од 48 часа – изјави Гаши.

Пред 10 дена е пријавен случај на силување на 11-годишно девојче во Приштина. Неколку мажи со часови го силувале девојчето. Ова поттикна протести во Косово и Албанија. Потоа медиумите јавија за случај на силување во Гњилане. Во првите седум месеци од годинава се пријавени 41 случај на силување, објави Косово-онлајн.