По 34-ти пат ќе се одржат „Охридски староградски средби“. Фестивалот е закажан за петок 16-ти септември во Центарот за култура „Григор Прличев“ пред платото со почеток во 19 часот. Влезот е слободен.
„Охридски староградски средби“ е фестивал во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев”- Охрид што ги афирмира вредностите на староградскиот мелос и ги обновува по долгогодишна пауза старите добри градски музички традиции. Програмски квалитет што значи вредносно продолжување на традициите што датираат од пред неколку века. Придонес во незаборавот на старите автентични песни, навраќање во богатата градска ризница на традициите од минатите векови.