Skip to main content

Ликовен конкурс

Промоција на хумани вредности

За најуспешните во двете категории следува викенд за цело семејство во Струга во одморалиштето на Црвен крст, Солферино.
 |  инфодеск  | 
Ликовен конкурс

Во рамките на ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности) програмата секоја година во периодот од 21-27 септември се одбележува ПХВ недела која има за цел да ги анимира младите, да го промовира мирот, толеранцијата и соживотот во земјата.

Оваа година неделата ја одбележуваме со Ликовен конкурс на тема „Промоција на хумани вредности” за деца во основните училишта, поделени во две категории-за ученици од 6 и 7 оделение и 8 и 9 одделение – велат од Црвен крст Охрид.

На конкурсот може да учествува секој, а техниката на цртање е по избор.

Творбите треба да бидат доставени во општинската организација на Црвен крст Охрид од 12-ти до 27-ми септември 2022 година. За најуспешните во двете категории следува викенд за цело семејство во Струга во одморалиштето на Црвен крст, Солферино – додаваат од Црвен крст Охрид.

Технички детали:

Цртежот треба да се достави до Црвен крст Охрид и треба да ги содржи следните информации – име и презиме на детето, одделение, години, училиште, град, техника на цртање (пр. Ана Силковска, VII одд., 14г. , ОУ М.Милевски-Прилеп, акварел).

За дополнителни информации обратете се во просториите на Црвен крст Охрид или на телефонските броеви: 070 315 309; 046 262 706.