Skip to main content

Служба за здравствена заштита на деца и младинци

Мал бројот на имунизирани деца со МРП вакцина

Родителите ја одложуваат МРП вакцината кај децата. Од службата за здравствена заштита на деца и младинци апелираат децата навреме да ја примат оваа вакцина која штити од заразните болести морбили, рубела и паротитис. Лекарите уверуваат дека вакцината е безбедна, а неоснован е стравот кај родителите при поврзување на МРП вакцината и појавата на аутизам кај децата.
 |  инфодеск  | 
Вакцинација на деца

Во Охрид е мал бројот на имунизирани деца со МРП вакцина. Се пробиваат тремините од календарот за имунизација и ревакцинација, информира д-р Соња Мариноска, раководител на службата за здравствена заштита на деца и младинци. Интересот кај родителите опаѓа за да ги донесат децата за да се вакцинираат посебно за МРП. Оваа вакцина штити од вируси на заразните заболувања морбили, рубела и паротитис.  

Со нормализирање на животот апелирам родителите да не ја одложуваат вакцинацијата кај децата туку да ги донесат во вакциналната служба на определниот термин. Многу е важно вакцинацијата да се прими и заврши навреме. Доколку не се вакцинираат и ги остават децата незаштитени се во ризик да заболат – истакна д-р Мариноска.

Д-р Соња Мариноска

Одолговлекувањето на имунизацијата со МРП и пробивање на вакциналниот календар се должат на неколку фактори, информира д-р Мариноска. Ги набројува антиваксиналните кампањи, долгиот период на пандемијата со Ковид 19 и насочувањето на медицинскиот кадар во имунизацијата против ковид 19, како и појавата на неоснован страв кај родителите.

Родителите се плашат да ги донесат децата и ја одложуваат вакцинацијата поврзувајќи ја со аутизмот. Научните достигнувања покажуваат нема поврзаност меѓу вакцината и аутизмот. Невролошките експерти можат во рана возраст да ги препознаат знаците на аутизмот пред да ги препознаат родителите. Родителите ги забележуваат меѓу 18 и 25 месечна возраст кога се прима МРП вакцината и ги поврзуваат последиците – вели д-р Мариноска.

Вакцинација

Имунизацијата во земјава е задолжителна според Законот за заштита на населението од заразни болести. Индикатор за успех на реализација е процентот на опфат. Во нашата земја, последниве години процентот е во опаѓање за сите вакцини, а посебно за МРП вакцината.

Вакцинација на деца