Времен сообраќаен режим
Градежни активности на бул. Мак. Просветители
Продолжувааат градежните активности на булеварот „Македонски Просветители“. На потегот ќе важи времен режим на сообраќај.
Градежните активности на булеварот „Македонски Просветители“ кои беа ставени во мирување, продолжуваат.
За време на градежните активности на потегот ќе важи времен сообраќаен режим.
Булеварот „Македонски Просветители“ се затвора за сообраќај на потег од крстосницата со бул. „Туристичка“ до крстосница со ул. „Димитар Влахов“, а сообраќајот се пренасочува по околната улична мрежа, при што истиот ќе се одвива согласно време поставената сообраќајна сигнализација.


