Skip to main content

Југозападен регион

Доцни изградбата на патиштата

Доцни изградбата на патиштата во Југозападниот регион во земјава. Не e ставен во функција делот од автопатот Кичево-Охрид кај село Требеништа, кој беше најавен за август годинава. Од министерството за транспорт, велат ги завршиле сите потребни постапки, но изведувачот доцни. Иста е состојбата и на патниот правец од Извор до Дебар. Оваа делница требаше да биде завршена во 2015 година, но градежните работи и таму доцнат.
 |  инфодеск  | 
Автопат Охрид-Кичево

Доцни изградбата на патиштата во Југозападниот регион во земјава. Сеуште не е пуштен во употреба делот од автопатот Охрид-Кичево, трасата Требеништа-Подмолје, која требаше да биде готова во август годинава. Изминува и септември, но градежните работи не се интензивни.

Од министерството за транспорт велат ги завршиле сите потребни постапки, но изведувачот доцни.

Сите постапки на Секцијата 5 се завршени од страна на Министерството за транспорт и врски. Останува изведувачот да ги реализира градежните работи според динамичкиот план. Изградбата на автопатската делница Кичево-Охрид останува приоритет и Министерството за транспорт и врски заедно со Јавните претпријатие се во постојана координација со изведувачот и надзорот заради побрзо завршување – информираат од Министерството за транспорт и врски.

Автопат Охрид-Кичево

Од Јавното претпријатие за државни патишта велат на делот Требеништа-Подмолје останале само  уште два неасфалтирани километри.

До овој момент се пробиени околу 95% од целата траса, а процентот на реализација на работите на делот кај Требениште-Подмоље е 75%, односно остануваат уште 2 км да се доасфалтираат. Имаше оправдани причини кои ја успорија работата, но со моментално засиленото темпо на работа се очекува забрзување на процесот – велат од Јавното претпијатие за државни патишта.

Иста е состојбата и на патниот правец од Извор до Дебар. Оваа делница требаше да биде завршена во 2015 година, но градежните работи и таму доцнат.

Овој дел овде ни одзеде доста време бидејќи е многу длабоко и го миниравме можеби пет- шест пати е минирано за стигнеме до посакуваната нивелета. Тaка што само овде се задржавме еден месец сигурно – вели Александар Здравески, надзор на градежните активности.

Автопат Охрид-Кичево

Автопатот Охрид-Кичево е клучната делница која ги поврзува двата туристички центри.  Изградбата започна во 2014 година, според планот требаше да заврши во 2018 година.

Новинар : Соња Рилковска