Skip to main content

Реконструкција на улица до спортско образовниот комплекс

Подобрување на инфраструктурата во Вевчани

Со реализацијата на проектот се предвидува реконструкција на дотраената пристапна улица до спортско-образовниот комплекс во Вевчани.
 |  инфодеск  | 
Проект патна инфраструктура

Ќе се реконструира пристапната улица до спортско – образовниот комплекс во Вевчани. За таа намена обезбедени се 2 150 782‬,00 денари. Во текот на 2022 година подготвени се десеттина предлог проекти и аплицирани до повеќе институции.

По завршување на процесот на евалуација на предлог проекти, дел од институциите започнаа со објавување на информации за одобрување на средства за финансирање на проекти. Во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој за 2022/2023 година обезбедени се средства за реализација на проектот „Подобрување на патната инфраструктура во општина Вевчани“, во вкупен износ од ‪2 150 782‬,00 денари. Со реализацијата на проектот се предвидува реконструкција на дотраената пристапна улица до спортско-образовниот комплекс – информира Спасе Кочовски, градоначалник на општина Вевчани.

Улица Вевчани
Улица Вевчани
Улица Вевчани