Владата на Србија ја донесе Одлуката за минимална плата за 2023 година, која ќе изнесува 40.020 динари (343 евра), објави Бета.
Минималната цена на трудот на тој начин ќе биде повисока за 14,3 отсто, односно треба да се зголеми од 201,22 динари по работен час на 230 динари (од 1,71 на 1,96 евра).
Особено е важно што е постигнато минималната плата всушност да расте повеќе од инфлацијата, за да се зачува, но и да се подобри квалитетот на животот на граѓаните на Србија – велат од Владата на Србија.