Skip to main content

Денес и во Македонија се одбележува и меѓународниот ден на мирот

Повеќе се дава значење надруги празнувања  од колку ваквите денови, сметаат граѓаните. Сојузот на борци со марш го одбележаа „Ден на мирот“.

 |  Колоска Билјана  | 
logo
лого
Повеќе се дава значење надруги празнувања  од колку ваквите денови, сметаат граѓаните. Сојузот на борци со марш го одбележаа „Ден на мирот“.

borciДенес освен празникот на муслиманите, Бајрам и на православните „Мала Богородица“, се одбележува и Меѓународниот ден на мирот. Ретко кој од граѓаните знаат за неговото одбележување.

„Подобро од мир во светот, нема ништо. Наместо пукање, насекаде да се слуша смеа и радост. Сите заедно да сме на страна на мирот. За жал на овој ден забораваат сите“, вели нашиот соговорник борецот Венјамин.

За празнување на овој ден не заборавија членовите на Сојузот на борци од Струга. Скромно,  со марш по градот го означија Меѓународниот ден на миро.

Инаку, Меѓународниот ден на мирот се одбележува  од 1982 година, но масовно тоа се прави од 2001 година, кога Генералното собрание на ОН, со посебна резолуција, го прогласи 21-ви Септември за Меѓународен ден на мирот.

{loadposition content9}