Свр охрид
Жител на Косел фатен со кокаин
Приведен 23-годишен жител на Косел. При претрес во неговиот дом, полициски службеници од СВР Охрид пронашле кокаин.
На 14.09.2022 во 18:50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Х.Б.(23) од охридското село Косел.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле кокаин, информираат од СВР Охрид.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


