Со цел подобрување на условите во образованието, реконструирана е училишната зграда во село Оровник.
Изминатиот период извршивме санација/реновирање на училишната зграда во с. Оровник. Средствата во износ од 587.300 илјади денари се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца. Продолжуваме континуирано да инвестираме во подобрување на образованиетo – вели Зоран Ногачески, градоначалник на општина Дебрца.