На 14.09.2022 во 15:20 часот во СВР Охрид пријавено е дека во близина на деловен објект во охридското село Косел, М.А.(52) од селото Велгошти физички го нападнал А.Н.(36) од селото Свиништа.
Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.