Од 15-ти до 18-ти септември во Охрид се одржува 9-от Конгрес на Македонското стоматолошко друштво со меѓународно учество на тема „Стоматолозите и предизвиците на новото време: можности и ограничувања“.
Топло добредојде на присутните гости им посака градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.
Особено бев почестен, пред се како стоматолог што имав можност да се обратам на 9-от Конгрес на Македонското стоматолошко друштво со интернационално учество и да им посакам топло добредојде во нашиот убав град. Верувам дека во наредните денови ќе бидат разменети искуства и познавања, ќе се разгледуваат последните клинички истражувања во стоматологијата и ќе се разгледуваат најновите надградби на стоматолошките водичи кои промовираат нови методи. Бидејќи сето тоа води кон подобрување и унапредување на услугите кои како стоматолози ги даваме на пациентите – напиша градоначалникот Пецаков на официјалниот фејсбук профил.